Прескокни на содржина
ФК Беласица

За нас

Автор на текстот и уредник на овој веб сајт, FB профилот FK Belasica 1956-2006 и книгата „ФК Беласица - гордоста на Струмица“ е Аце Стојанов.

Оваа веб страна е инспирирана од фудбалската кариера на мојот покоен татко, Томе Стојанов (1953–2020), фудбалска легенда на ФК Беласица (328 првенствени натпревари, во 14 сезони), па му ја посветувам на него и на сите негови соиграчи, но и на сите други играчи, тренери, претседатели и други спортски работници на ФК Беласица низ овие досегашни 104 години историја.

Веб страната е изработена од Лазар Динов и Петар Јакимов од Vertex Consulting, врз основа на текстовите, истражувањето и фотографиите на Аце Стојанов. Целта беше граѓата собирана со години да добие свое место на интернет, подредена, читлива и достапна за секој што ја бара историјата на Беласица.

неофицијална архива

Ова е неофицијална архива посветена на ФК Беласица. Не е официјалната страница на клубот.